Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, беше многу лут по ремито со Манчестер сити (4:4). Аргентинецот беше огорчен бидејќи сметаше дека натпреварот заврши прерано.
Тој по натпреварот му се извини на судијата Ентони Тејлор, бидејќи сметаше дека судијата прерано означил крај на натпреварот, во ситуацоја кога според него, Челси имал шанса да постигне гол.
Покетино полета кон судиите, на крајот помошниците едвај го задржаа, но сепак беше казнет со жолт картон.
„Треба да му се извинам на Ентони и на другите судии. Заслужив картон бидејќи ги поминав сите граници. Тоа не е добра слика за мене и фудбалот. Би му се извинил и на Гвардиола бидејќи не го забележав во тие моменти”, изјави Покетино.
Менаџерот на Сити сето тоа го прифати многу мирно, а Покетино го пофали својот тим.
„Покажавме карактер, силен менталитет. И дека имаме оружје против тим како Сити, да доминираме и да создаваме шанси. Сè уште сме далеку на табелата. Горд сам. Среќен, затоа што играчите заслужуваат признание за се што прикажаа оваа вечер. Игравме против најдобриот тим во светот“, додаде Покетино.