Баерн доста го освежи тимот за актуелната сезона, а во Минхен како најголемо засилување пристигна Хари Кејн, довчерашниот првотимец на Тотенхем.
Англичанецот блеска во дресот на баварскиот тим, но тренер Томас Тухел истакнува дека има играч кој би сакал да го види и во Баерн.
И покрај тоа што Кејн на 16 натпревари постигна 21 гол, со седум асистенции. Сепак, Тухел во изјава за француските медиуми откри дека негова најголема желба за време на преодниот рок не бил Хари Кејн.
Тухел не крие дека сака во неговиот тим да го има Килијан Мбапе. Секако, останува прашањето колку е реално Баерн во овој момент да ангажира младиот Французин.
„Дали го сакам Ембапе во Баерн? Јасно е дека секој би го сакал во својот тим. Килијан е фантастичен фудбалер. Неверојатно интелигентен и одличен човек. Имаме добри односи и ако сака да дојде кај нас, ќе одам со велосипед да го земам“, сликовито објасни тренерот на Баерн.
Во моментов ваквата ситуација не е реална, но не е невозможно Мбапе на лето да заврши во Германија. Посебно поради фактот што тој влегува во последните шест месеци од договорот со Пари Сен Жермен, па ќе може слободно да разговара со сите заинтересирани страни.