Фабрицио Романо: Тудор ќе биде новиот тренер на Наполи

Фабрицио-Романо-Тудор-ќе-биде-новиот-тренер-на-Наполи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дебакл што ја прели чашата. Вака италијанските медиуми пишуваат за тренерот на Наполи, Руди Гарсија откако актуелниот шампион загуби со 0:1 од Емполи во 12. коло на домашен терен.


Наполи, кој минатата сезона го освои Скудетото и стигна до четвртфиналето во Лигата на шампионите, оваа сезона по 12 првенствени натпревари има 11 бода помалку од истиот период минатата сезона.

Во Лигата на шампионите во четири кола однесе само седум бода. Претседателот Аурелио Де Лаурентис и на вчерашниот натпревар влета во соблекувалната на полувремето, како и на неколку претходни, но ниту тоа не помогна.

Италијанците пишуваат дека најсериозен кандидат за нов тренер е Игор Тудор. Оттаму додаваат дека се очекува Гарсија да добие отказ сега, додека трае репрезентативната пауза, бидејќи никој не верува дека Гарсија може да го подигне тимот пред страшната серија што следи по паузата: Аталанта, Реал, Интер и Јувентус.

Фабрицио Романо, инсејадерот кога станува збор за фудбалски трансфери тврди дека Гарсија сигурно ќе добие отказ.

„Руди Гарсија денеска ќе добие отказ. Добив потврда за тоа. Дознав и дека Игор Тудор е главен кандидат за нов тренер на Наполи. Тудор денеска ќе ги договори деталите за договорот и платата со претседателот Де Лаурентис и ќе потпише договор“.

Тудор (45) речиси 12 години мина во Италија, како играч и помошник тренер на Јувентус и тренер на Удинезе и Верона. Последниот ангажман му беше со Марсеј, кој го напушти минатото лето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK