Германскиот канцелар е против итен прекин на огнот во Газа за Хамас да не се опорави

Кина-се-огласи-за-војната-меѓу-Хамас-и-Израел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е против итен прекин на огнот во Појасот Газа, додека за тоа има се’ повеќе повици во светот поради израелското бомбардирање на таа палестинска територија со два милиони цивили.


„Слободно признавам дека не мислам дека се працедни повиците за итен прекин на огнот или долга пауза – што би било речиси исто, бидејќи на крајот би значело дека Израел го остава Хамас со способност да се опорави и да набави нови ракети“, рече Шолц.

За време на дебатата организирана од регионалниот германски дневен весник Heilbronner Stimme, сепак, германскиот канцелар се залагаше за „хуманитарни паузи“ во војната што започна на 7 октомври.

Пет недели по почетокот на таа војна, сè повеќе има повици за прекин на огнот во Појасот Газа, кој Израел го напаѓа од земја, од воздух и од море.

Со противењето на прекинот на огнот, германскиот канцелар оди против многу арапски земји и претседателот на Турција, со кој треба да се сретне во Берлин следната недела.

Реџеп Таип Ердоган денес оцени дека од витално значење е да се постигне прекин на огнот и го повика Западот да изврши притисок врз Израел во оваа насока.

Олаф Шолц, исто така, се огради од францускиот претседател Емануел Макрон, кој во петокот го повика Израел да го прекине бомбардирањето за да ги поштеди цивилите во Газа и рече дека планира да работи за прекин на огнот за да ги заштити сите цивили кои немаат никаква врска со со терористите на палестинското движење Хамас.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека најмалку 11.078 луѓе, главно цивили, вклучително и 4.506 деца, биле убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната предизвикана од крвавиот напад на исламистичкото движење врз јужен Израел, во кој загинаа 1.200, повеќето цивили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK