(Видео) Сигурни победи на Ливерпул и Астон Вила, Вест Хем со пресврт го совлада Форест

Видео-Сигурни-победи-на-Ливерпул-и-Астон-Вила-Вест-Хем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Ливерпул, Астон Вила и Вест Хем забележаа нови победи во неделата попладне, во рамките на 12. коло од Премиер лигата. Нерешено беше забележано на натпреварот помеѓу Брајтон и Шефилд (1:1).



Интересно е сега на самиот врв на табелата, дури три екипи се изедначени, со напомена дека Манчестер Сити има меч помалку (со Челзи).

Ливерпул ја продолжи победничката серија на домашен терен, каде последен пат беше поразен пред повеќе од една година (29.10.2022) од Лидс (1:2). Оттогаш, тимот на Клоп е супериорен на „Енфилд“.

Брентфорд не претставуваше сериозна закана за „црвените“, а доказ за тоа е и конечниот резултат (3:0).

Двоен стрелец беше Мохамед Салах, во 39. и 62. минута, а еден гол постигна Диого Жота (74). Две асистенции забележа Цимикас.

Астон Вила на „Вила Парк го победи Фулам (3:1), па избраниците на Емери останаа на блиска дистанца од водечките тимови во лигата.

Домашните практично ја завршија работата против Фулам во 45 минута – во тој интервал постигнаа два гола, Робинсон си постигна авто-гол, а потоа Мекгин го удвои водството. Третиот гол го постигна Оли Воткинс.

Најмногу возбудувања во неделата попладне имаше во Лондон – Вест Хем го совлада Нотингем Форест со 3:2. Ова беше натпревар полн со пресврти, вистински ролеркостер за играчите и навивачите на двата клуба.

„Чеканите“ поведоа преку Пакета (3), гостите израмнија (Авоњи), па направија пресврт (Еланга), за Вест Хем да одговори во последниот половина час од играта – со головите на Бовен и Соучек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK