Фабрицио Романо: Вилјареал и Севилја заинтересирани за Димитиревски

Фабрицио-Романо-Вилјареал-и-Севилја-заинтересирани-за-Димитиревски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Столе Димитиревски, голманот на македонската репрезентација, од наредната сезона ќе има нов клуб. Трансфер инсајдерот, новинарот, Фабрицио Романо објави дека два врвни клуба од Шпанија се сериозно заинтересирани за Димитриевски.

„Имам информација дека Столе Димитриевски се наоѓа во плановите на Севилја и Вилјареал за следната сезона. Двата клуба имаат одлично мислење за македонскиот голман“, напиша Романо на социјалната мрежа „X (поранешен Твитер)“.

Столе Димитиревски одлично ја започна сезоната, еден е од најдобрите играчи на Рајо Ваљекано.

Вчера имаше неколку одличн интервенции, но не успеа да го спречи поразот од Џирона. Во претходното коло, против Реал Мадрид беше прогласен за играч на натпреварот.

Неговиот договор со рајо Ваљекано истекува во јуни 2024 година и тој како слободен играч ќе го напушти „Ваљекас“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK