Гвардиола: Палмер ми кажа дека не сака да игра за Сити

Гвардиола-Палмер-ми-кажа-дека-не-сака-да-игра-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кол Палмер (21) е дете на Манчестер сити, вечерва прв пат во кариерата ќе игра против матичниот клуб. Палмер летово се пресели во Челзи за 47 милиони евра.



Пред да се пресели на „Стемфорд Бирџ“, Палмер постигна по гол за Сити Суперкупот на Англија и Суперкупот на УЕФА.

Неговиот трансфер во Челси беше големо изненадување, бидејќи се очекуваше дека сезонава ќе добие шанса во првиот тим. Пеп Гвардиола откри што се случувало во финишот на преодниот рок.

„Му реков дека Махрез заминува и дека ќе добие шанса, но ми кажа дека сака да си замине. Му реков: „Во ред, замини“, изјави Гвардиола и заклучи:

„Тоа е добро за него. Тој е добро момче, навистина. Му посакувам се најдобро“.

Палмер одигра 41 натпревар за Сити. Постигна шест гола и двапати асистираше.

За Челси досега одигра десет натпревари, постигна три гола и забележа четири асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK