Ердоган до Западот: Срамота е да молчите за масакрот во Палестина

Ердоган-Настаните-во-Газа-се-несреќа-катастрофа-и-злосторство-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Срамота е што западните земји, кои секогаш се залагаат за човекови права и слободи, молчат за масакрот во Палестина, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.



„Од витално значење е да се доставува гориво до местата на кои итно им е потребно, особено болниците во Газа“, рече Ердоган во говорот на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во Ријад, пренесе „Анадолија“.

Предложи во рамките на Организацијата за исламска соработка да се формира фонд за обнова на Газа. Ердоган смета дека се’ додека се игнорира палестинското прашање, напорите за нормализирање на регионот се осудени на пропаст.

„Подготвени сме да ги направиме потребните напори, меѓу другото, како гарант, за да го зачуваме мирот што ќе се воспостави“, рече тој, додавајќи дека Ерусалим е црвена линија.

„Нашата желба е Ерусалим, познат како град на мирот, и сите палестински земји да се вратат во своите поранешни денови“, рече Ердоган.

Според него, израелската администрација, која се однесува како разгалено дете на Западот, е должна да ја надомести штетата што ја предизвикала.

„Она што ни треба во Газа не се паузи од неколку часа, потребен ни е траен прекин на огнот“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.

Тој нагласи дека треба да се свика меѓународна мировна конференција за да се најде трајно решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK