Месина: Нејпир сака да се врати во Милано

Месина-Нејпир-сака-да-се-врати-во-Милано.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еторе Месина, тренерот на Олимпија Милано, откри дека Шабаз Нејпир „флертува“ со својот поранешен клуб и дека преку пријателите испраќа сигнали од Белград и упати жестоки критики до актуелниот плејмејкер, Кевин Пангос.


Италијанските медиуми пишуваат дека Месина со оваа изјава подготвува терен за враќање на Нејпир во Милано.

„Во срцето на нашиот разочарувачки почеток на сезоната е еден вистински грев. Ние го немаме вистинскиот возач за нашиот автомобил. Пангос не е човек кој може да го натера овој тим да игра“, изјави италијанскиот стручњак по 7. коло од Евролигата во кое неговиот тим ја декласираше Валенсија со 31 поен разлика и ја прекина серијата од пет порази.

Трофејниот тренер откри дека актуелниот плејмејкер на Црвена Звезда, Шабаз Нејпир веќе извесно време испраќа сигнали до Милано да се врати во Олимпија.

„Постојано испраќа пораки преку пријателите дека сака да се врати. Улогата на Нејпир би била да ги промени карактеристиките на овој тим“, изјави Месина.

Шабаз Нејпир е најскапиот играч на Црвена звезда, според некои медиуми има годишна плата од 1.800.000 евра. Од почетокот на сезоната тој постојано е критикуван од навивачите на црвено-белите. Синоќа беше најлошиот играч на Црвена звезда во драмтичниот пораз во Барселона.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK