Арапската лига свика итен состанок за војната во Газа

Арапската-лига-свика-итен-состанок-за-војната-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад денеска треба да се одржи вонреден самит свикан од Арапската лига на барање на Палестинците и Саудиска Арабија, на којшто ќе се разговара за војната во Газа.


Средбата ќе биде фокусирана на израелската агресија врз Газа, се наведува во соопштението на Арапската лига.

Лидерите на 22 земји на вонредниот состанок ќе се консултираат, координираат и разговараат за начините за справување со континуираната ескалација на окупираните палестински територии. Овој самит претставува 16-ти итен состанок на арапските лидери. На средбата ќе учествува и иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој рече дека е дојдено време за акција во однос на конфликтот во Газа.

Министрите за надворешни работи на лигата на подготвителниот состанок во четвртокот ја осудија „израелската окупација и нејзината агресија врз Појасот Газа“ и побараа земјата „да одговори за своите злосторства против палестинскиот народ“.

Арапските министри за надворешни работи, исто така, повикаа на „итно прекинување на израелската агресија врз Палестинците…и за обезбедување на сите форми на поддршка за Палестина и нејзиниот народ“. Министрите за надворешни работи веќе повикаа на итно запирање на израелските напади врз Газа, на состанокот во Каиро веднаш по почетокот на војната на 7 октомври. Саудиска Арабија моментално претседава со групата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK