Палестинската црвена полумесечина соопшти дека струјата, интернетот и водата се исклучени во индонезиската болница во градот Газа.
Небал Фарсах, портпарол на палестинската црвена полумесечина, вели дека хирурзите и лекарите мораат да користат фенери за да вршат спасувачки третмани поради затемнувањето, јавува Би-Би-Си.
Ќе работат во услови и под околности во кои не може да работи ниту едно медицинско лице во целиот свет“, вели тој, пренесува „N1“.
Полковникот Питер Лернер потврди за Би-Би-Си дека нивните војници оперираат околу болницата „Ал-Шифа“.
„Хамас одлучи стратешки да ги позиционира своите терористички способности во, под и околу болниците. Се обидувавме да ги охрабриме луѓето кои се засолнети во болниците да се евакуираат, бидејќи центарот на операции на Хамас е во градот Газа и таму е нивниот центар на гравитација“, рече полковникот Лернер.
Портпаролот на израелските одбранбени сили Ричард Хехтом на брифингот изјави дека армијата не пука во болници, туку ќе направи се што е потребно доколку таму се крие Хамас.
„Ако видиме како терористите на Хамас пукаат од болниците, ќе го направиме она што треба да го направиме“, рече тој на денешниот брифинг.