Шпански Виљареал поради серијата лоши резултати го смени тренерот Хозе Роха Мартин „Пакета“. Тренерот доби отказ по само два месеци работа и покрај тоа што во четвртокот на Кипар тимот го совлада Макаби Хаифа со 2:1.
Триумфот во Лига Европа очигледно не беше доволен Пакета да си ја спаси работата бидејќи тимот не покажа напредок во играта ниту против Израелците.
Шпанските медиуми пренесуваат дека управата му поставила ултиматум на тренерот, тимот да ја подобри играта на натпреварите со Макаби и Атлетико, што, како што увидоа, не се случи.
Раководството на клубот пред извесно време почна да размислува за промена на тренерот, бидејќи тимот игра слабо од стартот на сезоната и ги бележи истите резултати.
Моментално се 13-ти во Ла Лига со само три победи од 12 натпревари.
Пакета на клупата на Виљарела се задржа само два месеци, на 9 септември тој го презеде тимот откако отказ доби Кике Сетиен.
Спортскиот директор Мигел Анхел Тења ќе работи со тимот додека не се најде трајно решение.
Главен кандидат е Марселињо Гарсија Торал, кој доби го напушти Олимпик Марсеј по само осум натпревари.
Торал веќе го водеше Виљареал, од 2013 до 2016 година.