Вчера попладне во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Бардовци, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Д.Д. од Скопје, излетало од коловозот, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.