Соединетите Американски Држави најавија дека четиричасовните дневни паузи во војувањето ќе започнат денеска, но неизвесно е дали Израел ќе почне да ги применува.
Имено, по соопштението на портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, за воведување на четиричасовни паузи, израелската влада соопшти: „Борбите продолжуваат и нема да има прекин на огнот додека не се ослободат заложниците“.
Тие, исто така, повторија дека дозволуваат безбедно поминување на палестинските цивили на југ.