Асани: Меѓуинституционална соработка во Западен Балкан и целосна дигитална трансформација за олеснување на трговијата

Асани-Меѓуинституционална-соработка-во-Западен-Балкан-и-целосна-дигитална-трансформација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Целосна дигитализација на царинското работење е од голема важност за олеснување и забрзување на легалната трговија и подобрување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар. За таа цел, потребно е унапредување на соработката меѓу граничните институции на ниво на Западен Балкан, како чекор кон приближување и приклучување кон заедничкиот пазар на ЕУ.


Ова беа заклучоците од дводневната конференција „Унапредување на соработката во дигиталната ера“ на којашто учествуваше заменик директорот Муарем Асани, а во организација на Царинската управа на Албанија со поддршка на ГИЗ. Во рамки на конференцијата претставниците на Царинските управи во Западен Балкан и Молдавија пред бизнис заедницата го истакнаа значењето на дигитализацијата и соработката помеѓу владините агенции за побрзи и поефикасни процеси на царинење.

Асани на средбите остварени во рамки на конференцијата особено се осврна на проектот за имплементација на новиот Национален едношалтерски систем, што како што рече целосно ќе го трансформира начинот на прекуграничната трговија, овозможувајќи побрзи и поефикасни процеси на царинење „под еден покрив“. Истиот ќе придонесе за намалување на времето за царинење, намалување на трошоците за компаниите и зголемена наплата на приходи.

На конференцијата воедно беше истакнато дека зголемувањето на соработката на институциите во рамки на Западен Балкан овозможува целосно искористување на поволностите за компаниите со статус на овластен економски оператор, односно побрзо и полесно поминување преку границите, како и намалени контроли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK