Опасен отпад на Орман, инспекторите најавија кривична пријава

Опасен-отпад-на-Орман-инспекторите-најавија-кривична-пријава.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државениот инспекторат за животна средина на прес конференција соопшти дека опасен отпад е фрлен на локација во село Орман.



„По добивање на овластено известување на инспектор од животна средина направен е вонреден инспекциски надзор на 24.10. Утврдивме дека на плац на две физички лица оставена е одредена количина на отпад кој потекнува од рецикал Еко Старт Скопје, со а еколошка дозвола, лоциран на територија на општина Чучер сандево. Отпадот е од оловни акумулатори“, рекоа оттаму.

Од инспекторатот соопштија дека иако постои мегусебен договор меѓу рецикал Еко Старт, и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот, несоодветно е транспортиран и складиран отпад на локација која не е наменета за складирање.

„За ваков отпад нема добиено дозвола од Министерството за животна средина што е казниво согласно легислативата.. Во следниот период ќе следат понатамошни акти  во инспекциската постапка односно решенија со наредба за безбедно враќање на отпадот во кругот на рецикал Еко Старт во рок од 60 денови и забрана за работа во време од 90 дена“, дополнија од инспекторатот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK