Членот на Народниот совет на Луганската Народна Република (ЛНР) и поранешен шеф на Народната милиција на ЛНР, Михаил Филипоненко е убиен денеска во Луганск. Веста на својот канал на Телеграм ја потврди претставникот на регионалниот парламент Јуриј Јуров, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
„Пред еден час, нашиот колега, претставник на Народниот совет на ЛПР, поранешен шеф на одделот на Народната милиција на ЛПР, човек кој учествуваше во создавањето на народната милиција на републиката, полковник Михаил Јуриевич Филипоненко, загина во Луганск“, напиша Јуров.
Russian media published photos of the car that hosted Filipenko. https://t.co/uKDopdTfEC pic.twitter.com/IrZp7FvQUk
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) November 8, 2023
Тасс пишува дека подоцна се дознало дека Филипоненко загинал во експлозија на автомобил. Инаку, на 21 февруари годинава веќе имаше обид да се изврши атентат врз него. Тогаш неговиот автомобил бил кренат во воздух во близина на претставништвото на ЛПР, но тој преживеал. РИА Новости пренесува дека на експлозијата посведочиле возачи кои минувале покрај местото на настанот.
Филипоненко е роден на 20 јуни 1975 година во Луганск (во тоа време Ворошиловград). Дипломирал на Киевскиот национален универзитет за градежништво и архитектура и бил приватен претприемач во градежната индустрија. Од 2014 до 2022 година служел во Народната милиција на ЛНР.