Израелските одбранбени сили соопштија дека го убиле Мохсен Абу Зина, лидер на Хамас, кој бил шеф на одделот за разузнавање и оружје и „еден од водачите во производството на стратешка муниција и ракети“.
Во утринскиот извештај, израелската војска соопшти дека продолжува да оперира длабоко во Појасот Газа, елиминирајќи ги терористите и насочувајќи авиони да ја нападнат инфраструктурата на Хамас, пренесе Би-Би-Си.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант претходно изјави дека нивните војници се во срцето на градот Газа.