Денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата: „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“

Foto_Najava AmCham Health Konferencija 08.11.2023
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација  на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) денеска во Скопје ќе се одржи 2-та Годишна конференција за здравство, овој пат насловена како “Поглед во иднината за нашиот здравствен систем”.

Конференцијата има за цел да ја пренесе пораката за долгорочно и одржливо проектирање на целокупниот развој на домашниот здравствен систем, со акцент на потребата за подобрување на пристапот до лекови и искористувањето на податоците во креирање на здравствените политики.


Клучен говорник на овогодинешното издание на конференцијата ќе биде г-дин Боги Елијасон,  Директор за Здравство на Институтот за Футуристички Студии од Копенхаген. Тој важи за еден од најзначајните светски експерти за дизајнирање на здравствени системи со преку 25 години консултантско искуство, работејќи за приватни компании, политичари и јавни институции, а во моментов е ангажиран на подобрување на германскиот здравствен систем.

На конференцијата ќе се одржат три панел-дискусии насловени како: „Пристап до лекови – основен елемент на здравственото право“, „Искористувањето на податоците во креирањето на здравствените политики“ и „Момент на пресвртница: Здравствениот систем на Република Северна Македонија“. Помеѓу останатите учесници во панелите, свое место ќе заземат и Министерот за Здравство, г-дин Фатмир Меџити, потоа г-ѓа Магдалена Филиповска Грашкоска – директорка на Фондот за Здравство, како и г-ѓа Ана Данева Маркова – советничка за здравство на Премиерот на Република Северна Македонија.

Следењето на конференцијата ќе биде овозможено преку онлајн стриминг во живо на следниот ЛИНК (https://www.youtube.com/watch?v=3LtzcBx7RRE ), а целосната АГЕНДА на настанот може да се погледне ТУКА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK