Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во израелските воени операции во Појасот Газа.
Ова го соопшти Белата куќа.
Портпаролот на Белата куќа изјави дека американскиот претседател и израелскиот премиер разговарале за „тактичките паузи“ во израелската офанзива врз Газа за време на нивните разговори во понеделникот поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците.
САД, заедно со многу други западни сили, ја поддржуваат позицијата на Израел дека прекинот на огнот воено ќе им помогне на палестинските милитанти Хамас, според Би-Би-Си.