Седмото издание на Медиумски фестивал Скопје 2023во организација на ПИНА, годинава ќе се одржи од 21 до 23 ноември.
Организаторите посочуваат дека овогодишното издание на фестивалот ја вперува камерата кон корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба.
„На фестивалското отворање новинари од Македонија и соседството ќе разговараат за (не)моќта на медиумите да се справат со овој сеприсутен феномен, а преку филмскиот избор кадарот се шири на глобалната медиумска сцена со исклучително квалитетни филмски и документарни остварувања кои нудат увид во повеќеслојноста на новинарската задача“, велат од ПИНА.
Оттаму додаваат дека фестивалот ќе понуди и работилници за активни и надежни новинари, а преку дискусии и јавно презентирање на работата на колегите од Програмата за млади новинари и Програмата за жени новинари на ПИНА, отвора простор за збогатување на домашната медиумска сцена.
Наскороќе биде објавена комплетната фестивалска програма која заинтересираните ќе може да ја проследат во Кинотека и Котур кафе