Нов удар за Тотенхем, Ришарлисон мора да оди на операција

Нов-удар-за-Тотенхем-Ришарлисон-мора-да-оди-на-операција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тотенхем, синоќа по поразот од Челси (1:4) ја загуби лидерската позиција во Премиер лигата. Дербиот, Тотенхем го заврши со двајца играчи помалку, што значи дека дуелот против Вулверхемтон ќе го пропуштат Ромеро и Удоги.



Но ова се само дел од лошите вести за менаџерот Ангелос Постекоглу. Натпреварот со Челси, поради повреди не го завршија дефанзивецот Ван де Вен и „мозокот“ на екипата Медисон.

Ван де Вен сигурно нема да биде во тимот, додека мала е веројатноста Медисон да биде подготвен.

Исто така, прептладнево напаѓачот Ришарлосин потврди дека ќе мора да оди на операција.

„Претходните неколку месеци не ми беа лесни, имав здравствени проблеми. Откако разговарав со лекарите, решив да одам на операција. Мислам дека е време за одмор”, изјави Ричарлисон. Бразилецот ќе биде надвор од терените неколку месеци. ,

Тотенхем во сабота од 13 часот и 30 минути гостува во Вулверхемптон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK