Јапонија: Конфликтот на Блискиот Исток нема да влијае на поддршката на земјите од Г7 за Украина

Јапонија-Конфликтот-на-Блискиот-Исток-нема-да-влијае-на-поддршката.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поддршката на земјите од Г7 на Украина во војната со Русија нема да биде засегната од интензивирањето на блискоисточниот конфликт, најави денеска јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава, за време на подготовките на министрите за надворешни работи за разговори преку видеоврска со претставници на Киев.


„Нашата посветеност да продолжиме со строги санкции против Русија и силната поддршка за Украина воопшто не е поколебана, дури и кога ситуацијата на Блискиот Исток се влошува“, рече Камикава, додавајќи дека претставниците на Г7 ќе разговараат со украинскиот министер за надворешни работи преку видео врска, пренесува Ројтерс.

Групата седум богати нации (Г7) составена од Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, како и ЕУ, денеска и утре ќе се состанат во Токио за да разговараат за прашања како што се војната во Украина и војната во Израел против палестинската милитантна група Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK