Владата го искористи и Самитот на ОБСЕ за криминал, смета опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Па, и од еден ваков настан кој што би требало да значи можност еве странски високи дипломати да ги видат убавините на Македонија и главниот град, тие успеаја да отворат сомнеж за криминал со цените кои што ги прикажуваат тие. Дури не можат да им конкурираат ниту најбогатите светски држави бидејќи се неколкукратно повисоки и од оние кои што таму на пазарот можат да се најдат“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, при посета на општина Ресен што е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ говорејќи за тоа што МНР за самитот на ОБСЕ ќе потроши еден милион евра за изнајмување на возила.
Мицкоски додаде дека жали што и во последните моменти од мандатот актуелната власт докажува дека се обични криминалци.
„Жалам што и во последните моменти од овој мандат тие покажуваат и докажуваат дека се само обични криминалци. Ништо повеќе од обични криминалци. И навистина е за секаква осуда ваквото однесување“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.