Тимо Вернер го пропушта натпреварот против Црвена звезда

Тимо-Вернер-го-пропушта-натпреварот-против-Црвена-звезда.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Лајпциг, Тимо Вернер, нема да игра против Црвена Звезда во четвртото коло од групата Г во Лигата на шампионите поради инфекција, објави германскиот клуб на социјалните мрежи.


Во соопштението се наведува и дека Јусуф Поулсен не го одработил целиот тренинг во понеделникот поради проблем со повреда.

Тренерот на Лајпциг, Марко Розе во текот на денот ќе донесе одлука дали Поулсен ќе биде во тимот за мечот со „црвено-белите“.

Натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Лајпциг се игра од 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Првото место на табелата од групата Г го држи Манчестер сити со девет бодови, Лајпциг има шест, а Јанг Бојс и Црвена Звезда по еден.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK