Во Милано пред вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Милан и ПСЖ се случија неколку навивачки пресметки, а во едната тешко е повреден навивач на францускиот тим, кој, како што јави италијанската новинска агенција АНСА, се бори за живот.
АНСА додаде дека 34-годишниот навивач на ПСЖ бил избоден со нож во главата и ногата и се наоѓа во болница во Милано.
Повредени се и неколку полицајци кои интервенирале во пресметките во областа Навигли.
Сепак, тоа не беше единствената пресметка на навивачите во ноќта од понеделник кон вторник.
Во Чајнатаун полицијата интервенираше поради судир меѓу десетици навивачи на ПСЖ и жителите на тој кварт. Подоцна, полицијата интервенирала и на една од улиците каде што се наоѓале француски навивачи, а на еден од нив му била потребна лекарска помош.
АНСА напиша и дека безбедносните служби и полицијата во вторник ќе ги зајакнат собирите на најголем број навивачи пред „Сан Сиро“.
Натпреварот помеѓу Милан и ПСЖ во групата Ф започнува во 21 часот.
07.11.2023, Curva Sud Milano🇮🇹 attack PSG🇫🇷 in Milano https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GM6pSSFJpe
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 7, 2023