Бројот на жртви од бурата Киаран во Европа се искачи на 16, од кои шест во Италија, која е тешко погодена во невремето каде е во прекин сообраќајот на западниот дел на континентот.
Невремето го зафати и Венето (северо-исток), каде две лица се водат за исчезнати, јавуваат локалните медиуми.
Нивото на водата на реката По, најголемата река во Италија, на север порасна за еден метар за 24 часа и се заканува да се излее.