Пратениците денеска не ја изгласаа потребата за носење на законот за амнестија предложен од Министерството за правда по скратена постапка.
66 пратеници гласаа „против“, 15 беа „за“, а тројца беа „воздржани“.
Предлог-законот нема да оди во натамошна собраниска процедура, односно пред надлежните комисиски тела.
Министерот за правда Кренар Лога при елаборирањето на законот за амнестија кажа дека основната цел поради која се предлага тој да биде донесен е алармантната состојба во затворите, како во однос на условите, така и поради големиот број затвореници.