Престана да работи агрегатот за струја во болницата во Газа

Престана-да-работи-агрегатот-за-струја-во-болницата-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Електричниот генератор на најважната болница во северниот дел на Појасот Газа рано утринава престана да работи, соопшти Министерството за здравство на Хамас.


Станува збор за индонезиската болница во Беит Лахиа, која се наоѓа во близина на густо населениот бегалски камп Џабалија, кој оваа недела беше цел на силни израелски воздушни напади, пишува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф Ал-Кудра, рече дека болницата работи на помал, резервен генератор, но дека мора да ги исклучи светлата во повеќето простории, како и генераторите на кислород и да почне да користи боци со кислород, а исто така беше кажано дека е прекината работата во ладната соба на болницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK