Во заседа е убиен бразилскиот фудбалер Фелипе Диого (21). Кон него биле испукани 10 куршуми. Злосторството се случило во предградието на Сао Паоло, Рибеиро Прето.
Фудбалерот е пренесен во болница, но лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.
🚔 Asesinado de diez tiros un futbolista brasileño de 21 años
🇧🇷 Felipe Diogo jugaba como delantero y militaba en el São Bernardo, de la Serie C de Brasil. Se desconocen las causas del asesinato. https://t.co/h9a6QoxOkV— Diario AS (@diarioas) November 2, 2023
Сторителите се уште се непознати.
Клубот Сао Бернардо за кој се натпреварува во Серија Ц и за кој настапуваше Фелипе Диого со трогателна порака се прости од младиот фудбалер.
„Фудбалскиот клуб Сао Бернардо со големо жалење ја прими веста за смртта на нашиот спортист Фелипе Диого Бернардес Фереира. Нека Бог ги утеши срцата на неговото семејство во овој момент на длабока тага“, се вели на страницата на Инстаграм на бразилскиот клуб.