(Видео) Стоилковски: Случајот Лотарија е школски пример за криминал на ДУИ, само не за послушникот Јовески и Абази од Зајас

Видео-Стоилковски-Случајот-Лотарија-е-школски-пример-за-криминал-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Наместо по должност да отвори очигледен предмет за Државна Лотарија, ЈО со Љубомир Јовески повторно молчи и се крие, надевајќи се дека ДУИ ќе го донесе Јовески за Уставен судија, а СДС ќе остане уште некој ден на власт. ЈО со Љубомир Јовески е најголемиот срам за Македонија. ЈО со Јовески наместо да гони криминалци, молкум одобрува криминал, а кога е повикано се крие зад други институции“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.


„Молкум газејќи го правото за случајот Лотарија, ЈО Јовески уште еднаш покажува дека е само и само во функција да не падне владата на ДУИ со СДС.

Милионски и милионски скандали и криминалии се поврзани со ДУИ, Ахмети и Груби, а ЈО со Јовески никаде ги нема!

Случајот Лотарија, каде директор најмува од фирма каде е ангажиран член на УО на Лотарија, двајцата од кабинетот на Груби, случајот каде фирма од кланот Зајас за 5 месеци постоење стигнува до 2.6 милиони евра, е класичен школски предмет за Јавен Обвинител.

Ама не и за послушникот Јовески и не за Ислам Абази од Зајас.

За нив нема предмет ни за дуќани во Скопје, ни за Соравија, ни за хотел на Шапка, ни за Лотарија, нема предмети за ништо поврзано со ДУИ.

Да потсетам, одговорност од одговорно лице се бара за постапување спротивно на она што е должност, но и за непостапување според должноста.

Наместо нова функција ќе следува лична одговорност за постапување или непостапување!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK