Фудбалерот на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени ќе биде надвор од терените два месеци поради повреда на стапалото, пренесуваат шпанските медиуми.
Чуамени се повреди на вчерашното дерби против Барселона (2:1). Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер се здобил со скршеница на втората метатарзална коска на левото стапало.
„Чуамени ги направи тестовите, а лекарската служба на Реал утврди дека фудбалерот се здобил со стресна фрактура во стапалото на левата нога. Ќе го следиме натамошниот развој на ситуацијата“, се вели во соопштението на Реал.
Покрај натпреварите на „кралскиот клуб“, фудбалерот ќе ги пропушти и натпреварите на француската репрезентација против Гибралтар и Грција во квалификациите за ЕП 2024 година.
Чуамени (23) сезонава за Реал одигра 14 натпревари и постигна еден гол.