Спектакл на Сардинија – Фросиноне водеше 0:3, Каљари победи со два гола во надополнувањето на времето

sardinija_kaljari_211312
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Каљари и Фросиноне го одиграа најатрактивниот натпревар од почетокот на сезоната во Серија А.







 

Каљари победи со 4:3 и покрај тоа што во 49. минута губеше со 0:3. Лудиот пресврт го креираше Леонардо Паволети, со два гола во судиското надополнување на времето.

Тимот предводен од легендарниот Клаудио Раниери е на претпоследната 20-та позиција со шест бода, но денеска се покажа дека може се и дека опстанокот не треба да се доведува во прашање.

Шокираниот Фросиноне е 12-ти со 12 поени.

Матијас Соле постигна гол во 23. минута, по додавањето на Рајнер. Најдобрата можна шанса да се врати во натпреварот Каљари ја имаше во 30. минута, но Манкоса рпромаши пенал.

Казната стигна во 37. минута, а повторно главни улоги беа Бразилецот и Аргентинецот од Фросиноне. Втората асистенција ја забележва Рајнер, а вториот гол го постигна Соле.

Во 49. минута Брешанини го постигна третиот гол за Фросиноне.

Сепак, Каљари не се предаде и покрај огромната негатива, нападна со сите сили, Ористанио во 72. минута намали на 1:3, а четири минути подоцна Турати го совлада Макамба, за 2:3 и делириум на стадионот.

А потоа лудница во периодот од 94. до 96.минута, во режија на Леонардо Паволети. Искусниот напаѓач постигна два гола за целосен пресврт и победа на Каљари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK