(Видео) Втора младост на Иско, погоди за победа во 95.минута

Видео-Втора-младост-на-Иско-погоди-за-победа-во-95минута.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ EPA

Фудбалерите на Бетис ја победија Осасуна со 2:1, во натпреварот од 11. коло на шпанската Примера.

Апсолутен херој на Бетис беше искусниот Иско, кој го постигна победничкиот гол во петтата минута од судиското надополнување, а претходно беше асистент за првиот гол.

Во прилично израмнет натпревар, домашните поведоа во првата минута од судиското надополнување на првото полувреме. Асистент беше Иско, а стрелец Вилијан Жозе.

Во вториот дел, се водеше голема борба, имаше многу жестоки дуели и жолти картони, арезултатот од првиот дел важеше до 85. минута, кога израмни Рубен Гарсија.

И кога се чинеше дека еден бод ќе и припадне на гостите од Памплона, на сцена стапи стариот мајстор Иско кој во 95. минута им донесе голем триумф на зелено-белите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK