„Макфакс“ сублимира кои се последните случувања во конфликтот Израел – Хамас:
– Израел рече дека ќе ја прошири својата копнена операција;
– Во текот на ноќта Израел ја бомбардираше Газа од воздух, со експлозии што го осветлуваа небото и започна операции од морето;
– Од последното ажурирање на израелските одбранбени сили (ИДФ) знаеме дека копнените трупи сè уште се во Газа;
– Отприлика во исто време кога израелската најава за проширени операции, започна затемнување во Газа, со прекин на интернетот и комуникациските услуги;
– Агенциите за помош утрово објавија дека не можат да контактираат со нивните тимови во Газа и СЗО рече дека е „сериозно загрижена“ за безбедноста на пациентите;
– Пораснаа тензиите и на либанско-израелската граница