Мицкоски: Има индиции дека врхушката на МВР соработува со криминални групи

Мицкоски-Има-индиции-дека-врхушката-на-МВР-соработува-со-криминални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на престрелката среде најпрометниот трговски центар и коментар на тоа што Спасовски вели дека Скопје е безбеден град, истакна дека Спасовски е министер речиси 8 години и срамота е со позицијата со која излегува во јавност но има индиции дека врхушката на МВР во изминатите 6 години соработувала со криминални групи и за тоа ќе бидат формирани работни групи и ќе има одговорност.


„Па човекот ако се земе оној период кога беше во техничката влада во 2016 е речиси 8 години министер за внатрешни работи со исклучок на неколку месеци кога беше технички премиер и тогаш ја опструираше работата на тогашниот технички министер за внатрешни работи преку тогашната заменичка сега министерка за одбрана славјанка Петровска. Срамота е што после 8 години тој истиот на очиглед на сите излегува во јавноста со позиција која што е смешна и трагична. Тие што требаше да бидат подземје и тие што требаше да бидат гонети и да одговараат за криминалот се сега над земја“, кажа Мицкоски.

„Јас мислам дека овој човек треба да биде сериозно загрижен по промената на владата во Македонија затоа што има многу информации кои што доаѓаат и многу индиции кои што доаѓаат до нас за тесна соработка помеѓу врвот на внатрешни работи со овие криминални групи без разлика дали едната криминална група носи име на едно населено место не далеку од овде или другата криминална група носи име на населено место малку подалеку од овде но повторно во околината на Скопје. И има индиции дека заедно многу озбилно, ортачки работеле во изминативе 6 години од како се влада а малку подолг период од како овој е министер за внатрешни работи. И мислам дека е исплашен, мислам дека е исплашен и загрижен и затоа се обидува сега претпоставувам да се наметне како претседателски кандидат, па сега и таму гледаме како со Пендаровски се натпреваруваат кој повеќе ќе му се додвори на Артан Груби, на Али Ахмети и на овие криминални групи но после изборите овие што треба да бидат подземје ќе треба да бидат озбилно гонети но и овие кои што биле нивни коалициони партнери а дел од врхушката на МВР ќе одговараат, има многу за истрага и многу за одговорност уште од првиот ден кога ќе биде формирана новата влада имаме и формирано тим да бидам попрецизен неколку тимови кои што само со тоа ќе се занимаваат. Кои што само со тоа ќе се занимаваат што се случувало овие 6 години затоа што граѓаните мора да ја знаат вистината, како беа крадени, како беа пљачкани, како беа понижувани изминативе 6 години и без разлика што имаме каубојска измена со злоупотреба на европско знаме на кривичниот законик има многу начини како овие лица да одговараат“, додаде Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK