Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на шест пожари вкупно на отворен простор и сите ги изгснале, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Денеска временските услови се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари, велат од ЦУК.
При вчерашните шест пожари на отворено, гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци и слично, во Општина Битола, кај с.Лознани; Општина Новаци, покрај патот за с.Новаци; Општина Велес два пожара – во населба „Речани и кај с.Рлевци; Општина Неготино, кај с.Војшанци и во Општина Куманово во кругот на оштината.