Израелските копнени сили извршија релативно голем упад во Појасот Газа во текот на ноќта, јавува Ројтерс, повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади.
Израелските одбранбени сили (IDF) го потврдија нападот во северниот дел на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од битката, пишува Index.hr.
In preparation for the next stages of combat, the IDF operated in northern Gaza.
IDF tanks & infantry struck numerous terrorist cells, infrastructure and anti-tank missile launch posts.
The soldiers have since exited the area and returned to Israeli territory. pic.twitter.com/oMdSDR84rU
— Israel Defense Forces (@IDF) October 26, 2023
„Тенкови и пешадија на ИД нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. Армијата се врати на територијата на Израел по нападот“, објави ИД на социјалните мрежи и прикачи видео од копнената операција.
Воените видеа покажуваат оклопни воени возила како ја преминуваат песочната гранична зона, булдожери, тенкови пукаат гранати и експлозии во близина или среде оштетените згради.