Вчеравечер околу 21.00 часот, во тетовско Радиовце, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 34-годишниот В.П. и 42-годишниот Н.Г. од ова село, извести МВР.
– При преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во возилото биле пронајдени две ловечки пушки и вкупно 9 куршуми. За една од пушките, В.П. не ги поседувал потребните документи, соопшти МВР.
Двајцата се задржани во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.