Милошоски: Да ја зачуваме плодната соработка што ја имаме со Израел и да ги зачуваме интересите на Македонија

Милошоски-Да-ја-зачуваме-плодната-соработка-што-ја-имаме-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска комија која по неколку години ги пополнува испразнетите амбасадорски места во неколку клучни главни градови – Белград, Тел Авив, Пекинг, Бразилија, Варшава, во Берлин и во Букурешт рече дека ставот на државните институции се совпаѓа исто така со ставот на комисијата за надворешна политика во однос на трагичите случувања со терористичкиот напад Израел-Хамас кој што се случи пред кратко време .



„Зрелоста во самото наше општество не создаде услови поделбите кои што некогаш се случуваат и на внатрешен план и гледаме израелскиот-палестински глобален спор да станува домашен и внатрешен спор во Македонија и се надевам дека ќе успееме да го задржиме тоа ниво, да се оддржи нивото на неувезување емотивни кофликти кои имаат своја национална, верска и политичка компонента. Да нема лажни вести и пропаганда, туку народот да чита реални информации“, порача Милошоски.

Како што вели тој, самата организација Хамас, на многу држави на светот е на листата на терористички организации.

„Хамас имаше за цел во координација со други актери да ја спречи тенденцијата на продолжување на склучување на договори за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави во опкружувањето со особен фокус да се попречи воспоставувањето на такви односи со Саудиска Арабија како земја која има најголем политички воен енергетски и дипломатски потенцијал во Блискиот исток. За жал проценката во овој краток период е дека тоа им успева во овој момент, што ќе биде исходот во иднина ќе видиме, но како и да е најбитно за нас ќе биде да да ги претставуваме и штитиме интересите на Македонија, нормално зачувувајчи ги сите нивоа на унапредена и плодна билатерална соработкас која што ја имаме со Израел“, дополни тој.

Милошоски посочи дека во Кина немаме амбасадор седум години, во Србија шест години, во Израел 5,5 години, а во Бразил од април 2020 година. Пратеникот потенцира дека единствениот наш дипломат во амбасадата во Израел Мачеј Качаровски направил натчовечки напори да се спасат нашите државјани по нападот на Хамас.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK