(Видео) Колева: СДСМ ги покачи платите на наставниците за 55%, го вреднуваме трудот и одговорната работа

Видео-Колева-СДСМ-ги-покачи-платите-на-наставниците-за-55.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминатите години СДСМ на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниот кадар во образованието.


Од 2017 година до денеска СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55%. Само во месец септември платите на наставниците се покачени за 15 отсто, мистакна на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.

Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.

Дополнително, од следната година регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата.

Резултатите на СДСМ за разликата од лошите, погубни политики на ДПМНЕ во образованието е јасна и очигледна“, истакна таа.

СДСМ, како што рече, за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти. ДПМНЕ, според неа, ги понижуваше наставниците и го рушеше нивното достоинство.

Оцени дека платите во образованието растат значително и ќе продолжат, како што најави да растат и понатаму.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK