Во текот на вчерашниот ден помеѓу село Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, извести Центарот за управување со кризи.
„Човекот бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот, а откако слушнале повици за помош, испукале неколку истрели во воздух, по што мечката побегнала, соопшти ЦУК.
Нападнатото лице било кое било преплашено, се здобило со телесни повреди.