61 санкциониран возач на територијата на Центар во Скопје

136-санкционирани-возачи-во-Скопје-60-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Центар во Скопје, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, извести МВР.


– При контролата санкционирани се 61 возач, од кои шест за возење без возачка дозвола, осум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени се 12 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири санкции за возење под дејство на алкохол…На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK