Тонали ќе може да игра дури во 2025 година

Тонали-ќе-може-да-игра-дури-во-2025-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали би можел да биде казнет со 16 месеци поради нелегално обложување, пренесуваат италијанските медиуми. Официјалната одлука се очекува да биде донесена до крајот на овој месец.


Бидејќи максималната казна за споменатиот прекршок е тригодишна суспензија, Тонали може да биде среќен до одреден степен. Доколку овие наводи се покажат точни, тој ќе отсуствува од фудбалските терени најмалку до 2025 година. Исто така порја суспнезијата тој ќе добие и 16.месечна условна казна, во случај да го повторни делото.

Тонали призна дека се обложувал на фудбалски натпревари и што е полошо на натпреварите на неговиот тогашен клуб Милан. Во своја одбрана рекол дека се обложувал на натпреварите на Милан на кои не бил во составот.

Покрај него ќе биде казнет и Никола Заниоло, односно Никола Фаџоли кој веќе знае дека го чека седуммесечна пауза.

Останува да се чека конечната пресуда за овој случај, а она што засега е сигурно е дека фудбалерот на Њукасл ќе биде санкциониран значително поригорозно од играчот за врска на Јувентус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK