(Видео) Најмалку 65 полицајци повредени во Берлин за време на протестите поради бомбардирањето на Газа

Видео-Најмалку-65-полицајци-повредени-во-Берлин-за-време-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 65 полицајци се повредени во текот на ноќта во Берлин за време на протестите поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија германските власти.


Полицајците се „повредени од камења и запалива течност “, објави берлинската полиција на платформата Икс (Твитер), пренесе „Гардијан“.

Портпаролката на полицијата рече дека се уапсени 174 лица, вклучително и 65 кои ќе бидат под истрага.

Митингот започна доцна синоќа во Нојколн, област со голема арапска заедница.
Дневниот весник „Билд“ објави дека на платформата Телеграм биле поканети мажи да го претворат Нојколн во Газа и да запалат сè.

Кога полицијата им нареди на демонстрантите да се разотидат, на улиците беа поставени корпи за отпадоци и барикади, а врз нив беа фрлани камења и пиротехнички средства, поради што полицијата реагираше со водени топови, соопштија властите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK