Операта „Травијата“ со две изведби на сцената на Националната опера и балет

Операта-„Травијата-со-две-изведби-на-сцената-на-Националната-опера.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ со две изведби на сцената на Националнта опера и балет. На 27 и на 31 октомври со почеток во 20.00 часот.


Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова.

Настапува врвна домашна солистичка екипа: Ана Дурловски (27 октомври) / Билјана Јосифов (31 октомври), Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK