Премиерот Димитар Ковачевски се согласува со изјавата на министерот Бујар Османи за платите на функционерите.
„Луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата и јас во таков човек не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во такви луѓе“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за намалувањето на функционерските плати.
Појасни дека кога ќе биде подготвено решението од страна на работната група, тогаш ќе може да се разговара за конкретното решение.
„Решението мора да биде прифатено од пратениците и сите избрани функционери кои што се платени со законите“, додаде премиерот.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера рече дека живее само од плата, која му е важна, и според него, не мисли дека е за фалење, кога политичарите велат дека не им е битна платата.