Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од многу градови низ земјава утрово го поддржаа протестот за 30% поголема плата, нов Колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од 1% на 4% и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и административно-техничкиот персонал.
За време на паузата од 10.30 до 11.00 часот здравствените работници ширум земјава излегоа пред здравствените установи за да искажат револт од игнорантскиот однос на надлежните.
Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници во чија организација беше протестот излезе пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
„Протестите продолжуваат“, најави Бојчевски и се заблагодари за големиот одѕив на повикот за протест.
https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/388951604_284223297772312_3550127386140696810_n.mp4
Здравствените работници и административно – техничкиот персонал не се задоволни од покачувањето од 10 % и инсистираат Министерството за здравство официјално да одговори на нивните барања кои им се доставени на почетокот на месецов, но се уште немаат одговори.