Израел погоди две села на југот на Либан во воздушен напад, објавија либанските медиуми.
Израел рано утринава изврши воздушен напад врз две села на југот на Либан, јави денеска либанската телевизија Ал Мајадин.
Израелски ракети го погодија Кафр Шуба и околината на Одаисех, се додава.
Израел: Погодени се повеќе воени цели на Хезболах во Либан
Израелската армија денеска соопшти дека нападнала воени цели на милитантната исламистичка организација Хезболах во пограничната област со Либан. Меѓу целите беше и воено набљудување, од кое во средата беше истрелана противтенковска наведувана ракета врз градот Рош Ханикра, на северот на Израел, пренесува Ројтерс.
🔻12 hour operational recap:
Here’s a summary of activity on our border with Lebanon:
• 9 launches crossed from Lebanon into Israel
• 4 interceptions by the IDF Aerial Defense Array
• several anti-tank missiles fired from Lebanon toward IsraelOur forces responded to these…
— Israel Defense Forces (@IDF) October 19, 2023
Израелската војска соопшти дека нападите биле извршени како одговор на нападите врз Израел во изминатиот ден. Според ИДФ, девет ракети биле лансирани од Либан, поради што се огласиле сирените во Кирјат Шмона и неколку околни населби.