Јана Манева-Чупоска со две изложби во Париз

Јана-Манева-Чупоска-со-две-изложби-во-Париз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 20 октомври со почеток 17.00 часот во македонската Амбасада во Париз ќе се отвори изложбата на Јана Манева-Чупоска со наслов „Паришки нацртан филм“.



Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија во форма на филмска трака.

Оваа изложба е нова и е создадена во период од два месеца како резидент во македонското ателје при меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Изложбата ќе ја отвори Вршител на должност, Рафет Хајдари и француската уметничка Роземан Робино која е исто така моментален резидент во меѓународниот резидентски центар во Париз (Cite Internationale des arts).

Изложбата е дел од програмата проекти од национален интерес за 2023 година при Министерство за култура на Македонија.

Втората изложба ќе се отвори на 25 октомври во македонското ателје во рамките на Меѓународната резиденција во Париз. (Cite internationale des arts Paris)

Јана Манева-Чупоска е редовен професор на Европскиот Универзитет и претседател на ДЛУМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK